Ивица М.(45) е уапсен поради сомнение дека со автомобил ја удрил Јулија Димитријевиќ (40) и побегнал од местото. Нејзиното тело било пронајдено на патот меѓу Предејан и Грделица.
Припадници на МВР Лесковац, при интензивна работа, го идентификувале и привеле И.М.(1977) од Владичин Хан, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на едно лице повредено во сообраќајна незгода, соопшти српското МВР.
Се сомнева дека завчера попладне на патот меѓу Грделица и Предејане додека управувал автомобил удрил во четириесетгодишна жена која починала од повредите, а потоа се оддалечил од местото на сообраќајната несреќа.
На осомничениот по овластување на основниот јавен обвинител му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен до надлежното обвинителство, се вели во соопштението.
Да потсетиме, таа се настрада кога се враќаше од работа.
– Телото е пронајдено околу 17 часот покрај патот. Веднаш е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта – изјавија пред два дена од полицијата во Лесковац.
– Таму кај стариот автопат меѓу Гределица и Предејан има автобуска постојка. Најверојатно се движела кон дома кога некој ја удрил и побегнал. Беше прекрасна жена – велат мештаните од ова место.
Be the first to write a comment.