Инцидент на натпреварот меѓу Чаир 2030 и Феникс 2010 во 5. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Мечот е прекинат во третата четвртина откако судиите по конфликт со тренерот на Чаир 2030, Рамадан, се повлекоа во соблекувалната.
По досудената лична грешка над Фалден следеше бурна реакција на тренерот на домаќините по која ескалираше ситуацијата. Рамадан доби техничка грешка, но сето тоа само дополнително го „збесна“ па откако продолжи со протестите и вербален напад кон судиите следеше и исклучување. На терен се појавија и гледачи, по што судиите се повлекоа во соблекувалната….
Двете екипи се уште се на терен во очекување на враќање на судиите како би продолжил натпреварот.
Be the first to write a comment.