Млад маж (31) загина на затвореното градилиште кај хрватското населено место Ботово, известија од Полициската управа Копривница-Крижевачка, пренесуваат утрово хрватските медиуми.
Тој во саботата околу 20 часот со квадрицикл (возило на четири тркала) влегол на градилиштето и додека возел паднал во ископ за одведување атмосферски води.
Од тешките повреди починал на лице место, додека 27-годишната сопатничка била полесно повредена.
Полициската управа Копривница Крижевачка ќе поднесе пријава до надлежниот државен правобранител.
Be the first to write a comment.