Бизнисменот и ѕвезда на реалното шоу „Dragon’s Den“ каде освои 50.000 фунти за нова работа, Дру Коктон почина на 36-годишна возраст.
Дру Коктон работел во корпорација, ја напуштил работата поради висок притисок, а потоа дошол до нова идеја. Тој со својата искреност ја воодушеви продукцијата на „Dragon’s Den“ додека зборуваше за својата битка за менталното здравје, пишува „Дејли мејл“.
Го поддржаа и познати личности како Парис Хилтон и Џема Колинс. Неговата мајка Кејт Дру на Фејсбук напишала дека семејството е уништено и дека Дру починал вчера дома.
„Ние сме уништени. Нашите животи никогаш, никогаш повеќе нема да бидат исти. Почивај во мир, драго дете“, напиша таа.
Други членови на семејството и пријатели се огласија да кажат дека Дру бил многу грижлива и љубезна личност и имал „срце од чисто злато“.
Дру Коктон дизајнираше прекрасни миризливи свеќи, меѓу кои најскапата беше инспирирана од свадбата на Меган Маркл и принцот Хари во 2018 година.
Тоа го направи кога ги дозна деталите за свадбените аранжмани и букетот на познатата невеста. Свеќата се продава за 750 фунти, сместена е во сад од 24 карати и е направена од најскапите масла и парфеми во светот.
Be the first to write a comment.