Samsung работи напорно за да ги надгради своите флегшип уреди на најновиот Android, а според информациите кои стигнаа до нас, меѓу првите уреди ќе биде телефонот Galaxy A53 од средна класа.
Јужнокорејскиот гигант вети дека корисниците може да го очекуваат корисничкиот интерфејс One UI 5, базиран на оперативниот систем Android 13, во октомври, а се чини дека компанијата е подготвена да го исполни даденото ветување, бидејќи од Италија добиваме извештаи дека некои корисниците почнале да ја добиваат надградбата OTA (over-the-air).
Сопствениците на телефоните Galaxy S22 Ultra во Италија вчера почнаа да ја добиваат верзијата на фирмверот S908BXXU2BVJA, „тешка“ дури 2853,03 MB, која го вклучува и безбедносниот patch за октомври 2022 година.
Доколку сакате детално да прочитате сè што е ново во ова ажурирање , дека тоа можете да го направите на веб-страницата samnews24, но доколку сакате пократка верзија, ние сме тука за вас – ова се новостите што ги донесе One UI 5:
Нови икони
Нов pop-up прозорец за дојдовни повици и известувања
Нов начин за прилагодување на уредот (заклучен екран, позадини, нов изглед на виџетите)
Оптимизација на продуктивноста (подобрен мултитаскинг, нова можност за извлекување и скенирање текст, оптимизирани Samsung Dex и Samsung Notes)
Оптимизиран рутински режим
Нов режим на спиење
Оптимизација на приватноста и безбедноста
Секако, оваа надградба на One UI 5, односно Android 13 не е ексклузивна за уредите Galaxy S22 Ultra, туку за целата серија Galaxy S22 и официјално ќе стигне до корисниците во Европа утре, понеделник, 24 октомври.
За жал, сопствениците на уредите Galaxy S21, Galaxy Z Flip 3 и 4 и Galaxy Z Fold 3 и 4 ќе мора да почекаат, но добрата вест е што нема да мора да чекаат премногу долго, бидејќи се очекува ажурирањето на One UI 5 да пристигнат на нивните уреди пред крајот на 2022 година.
Be the first to write a comment.