Португалецот Кристијано Роналдо направи вистински хаос во Манчестер Јунајтед откако пред крајот на мечот со Тотенхем (2:0) отиде во соблекувалната, а веднаш потоа го напушти стадионот и не ја прослави победата со соиграчите. Англиските медиуми жестоко го критикуваа, а на Инстаграм се огласи и неговата сестра Елма Авеиро која откри интересни детали.
Таа тврди дека тренерот на Манчестер Ерик Тен Хаг го загревал Португалецот од 35. минута, а на крајот не го внесол во игра, што е многу понижувачки за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
„Кристијано Роналдо се загреваше од 35. минута од првото полувреме, а на крајот тренерот реши да го уфрли Еланга во игра, а не него. Колку е одвратно тоа знаат само оние кои играат фудбал, а уште повеќе за еден негов играч на негово ниво, и затоа отиде во соблекувалната пред последниот судиски свиреж.
Кристијано сезонава одигра 695 минути, што не се ниту осум комплетни натпревари, а секогаш добиваше шанса на крајот, па невозможно е да има континуитет, да го зголеми темпото и да покаже за што е способен.
Кристијано не треба ништо да докажува, Ерик Тен Хаг треба уште нешто да докаже во фудбалот и да си го одржи зборот кога кажа дека го сака Роналдо во тимот и ќе го искористи, а не да каже дека ја почитува кариерата и затоа не го вклучил во про тешкиот пораз од Сити.
Ќе видиме што ќе се случи на следниот натпревар против Челзи. Остануваат уште седум натпревари до почетокот на Светското првенство“, напиша Елма.
Роналдо одбил да влезе, му било ИСПОД ЧЕСТ
Манчестер јунајтед соопшти дека Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот за натпреварот против Челси во сабота.
Кристијано Роналдо е исфрлен поради однесувањето за време на мечот со Тотнем. На вчерашната прес-конференција Ерик тен Хаг рече дека денеска ќе се справи со Португалецот и негова е одлуката да го дистанцира фудбалерот од останатите во тимот.
„Дејли Мејл“ открива дека Тен Хаг побарал од Роналдо да влезе во игра на мечот со Тотнем, но Португалецот одбил бидејќи му било испод чест да влезе како доцна замена на веќе добиен натпревар. Потоа замина во соблекувалната пред крајот, се спакувал и веднаш го напуштил Олд Трафорд.
Тен Хаг денеска му соопштил на Роналдо дека во наредните денови нема да тренира со остатокот од тимот и нема да биде во конкуренција за мечот со Челси.
Тренерот добил комплетна поддршка од раководството на клубот.
По сето ова големи се шансите Роналдо веќе да не заигра за Манчестер јунајтед, тој ќе го чека јануарскиот преоден рок кога веројатно ќе се обиде да најде нов клуб.
Be the first to write a comment.