Кристијано Роналдо не го дочека последниот свиреж на судијата, откако му стана јасно дека нема да влезе во игра, Португалецот нервозно си замина во соблекувалната.

Кристијано Роналдо креираше нова бура и фрли сенка на победата на Манчестер јунајтед од 2-0 во дербито со Тотнем.

Португалецот не беше стартер, а не доби шанса ниту од клупата за резерви, па разочаран од ваквиот разгој на настаните, не го дочека последниот свиреж на судијата и откако му стана јасно дека нема да влезе во игра, во 90. минута од мечот нервозно се упати во соблекувалната.