Фарук Кариќ од Мостар, кој се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“, почина на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Веста за смртта на пејачот ја потврдија неговите поранешни колеги од натпреварувањето за ветерани, како и победникот Ромео Николиќ, кој беше долгогодишен пријател со Фарук. Зад себе ги остави сопругата Сретенка и синот Сретен, а беше погребан во родниот град.
На сцената се појави во 2018 година, со желба да остави малку сеќавање зад себе. Често спомнуваше дека музиката му е во крвта, бидејќи во неговото семејство успешно свиреле и пееле многу членови. Микрофонот првпат го фатил во 1974 година, но никогаш не пеел професионално и за тоа можел да се обвинува себеси, но и начинот на кој живеел во младоста.
Од 1992 година живеел и работел во Германија, а потоа 20 години во Америка. Бил таксист, водел маркет, работел и во фирма, пренесуваат медиумите, а во родниот град се вратил дури по пензионирањето.
Имаше 62 години кога се пријави на натпреварот. Меѓутоа, тогаш немал поддршка од семејството.
– Фарук не сакаше да каже дека е болен вечерва, исто како и неговата сопруга која не можеше да дојде. Неговиот син е во Америка, па не можеше да стигне на снимањето – изјави Жика Јакшиќ во една прилика, за време на првиот круг.
Потоа, имаше голем гест од нашата Калиопи, од судиското столче.
– Ќе бидам твоја поддршка вечерва од Скопје – му рече таа со насмевка, што публиката го поздрави со громогласен аплауз.
Be the first to write a comment.