Пејачката Рада Манојловиќ се најде во епицентарот на скандал кога нејзиниот обожавател и поранешен учесник во реалното шоу „Парови“ Дарио Шогоровиќ јавно кажа дека наводно ѝ платил 10.000 евра за да има интимни односи со неа, како и дека со неа правел работи кои за многумина би биле недозволени.

По овие тврдења, Рада веднаш се огласи и рече дека ја замолил да се слика со неа на концертот, а за другите негови наводи ќе разговара на суд.

Сепак, поранешниот учесник на реалното шоу „Парови“ не застана тука. Имено, тој сподели фотографија од гола девојка за која тврди дека е Рада, но ѝ го покри лицето, па не можеме јасно да видиме за која се работи. Потоа додаде дека сака кога го брани:

– Слатка ми е како ме брани. Душичка! Поради таа изјава, морам да признаам дека не беше толку лоша во кревет, но сепак не вредеше за парите!

Манојловиќ одлучила да го пријави случајот во полиција и да побара заштита од надлежните органи за насилството кое го трпи, пишува „Ало“.

Рада воопшто не е скандалозна личност, беше шокирана кога еден фан ја злоупотреби нивната фотографија и ја обвини дека наплаќа за сексуални услуги. Познато е дека Рада е многу приврзана за семејството, дека се труди никогаш да не ги посрамоти. Затоа ѝ беше многу тешко што нејзиното име се поврзува со проституција – изјавил за „Ало“ близок извор на пејачката, кој открива дека Рада не планира да седи со скрстени раце.

Одлучи случајот да го пријави во полиција, ќе бара заштита од надлежните органи. Дарио ќе одговара за сајбер-насилство, клевета и за нанесување емоционална болка.

Рада долги години е присутна на сцената и свесна е дека Шогоровиќ сакаше само момент на слава преку нејзиното име, но тоа не планира да му го прости. Со години сака да стане популарен, откако не успеа со учество во реално шоу, смисли подмолен план да ја обвини Рада да ја практикува најстарата професија – заклучи соговорникот.