Најпознатата виолончелистка во регионот, Ана Руцнер објави неколку нови фотографии на социјалните мрежи кои предизвикаа измешани реакции. Ана се насмевна и позираше во тесни фармерки, црна кошула и чевли со високи потпетици.

Некои следбеници упатија комплименти за изгледот на 39-годишната музичарка, но имаше и такви кои беа загрижени за нејзиниот изглед.

„А драга Ана, ти си премногу слаба“, напиша еден следбеник, а другите во коментарите се сложија со него.

„И јас те сакам Ана, но ти си малку слаба“ „Малку повеќе, ама некако убаво и стои“, напишаа тие.

Потсетуваме, на почетокот на годинава Ана одржа концерт во Сараево, а по тој повод даде големо интервју во кое ја откри тајната на својот изглед.

“Јас сум само умерена во сè. Тоа отсекогаш ми била најдобрата формула. Најважно е да се чувствувате добро со себе, да најдете внатрешно задоволство. Затоа што токму тоа се манифестира на површината”, вели виолончелистката.

📸