Атрактивната презентерка Пилар Рубио е долгогодишна сопатничка на Серхио Рамос и заедно имаат четири деца, а како една од најпопуларните двојки во Шпанија, нејзиното гостување во „Ла Ресистенсија“ предизвика големо внимание.

Познатиот водител Давид Бронкако е познат по тоа што поставува скокотливи и интимни прашање на своите гости во студиото, па откако се наредија голем број спортски ѕвезди, сега во неговото студио се најде сопругата на Рамос.

Рубио беше приморана да одговара колку често и редовно имаат сексуални односи со својот сопруг, по што беше максимално искрена и нагласи дека се водат по правилото да водат љубов секој ден.

– Ние тоа го правиме секој ден. Не го правиме тоа само кога сум во Мадрид поради работа, или поради тоа што денеска ти ме оневозможуваш да го правам тоа, – му порача Рубио на водителот кој остана шокиран од одговорот.

– Немаме проблеми со децата, кај мене сите си легнуваат во кревет до 21:30 часот. Јас на сексот гледам како дел од мојот тренинг, – вели Рубио.