Босанската полиција потврди дека денеска се случило убиство во населбата Хармани во Бихаќ, во строгиот центар на градот кој се наоѓа во северозападна Босна и Херцегпвина.
Според информациите кои ги објавија босанските медииуми, 39 годишниот Енес Одобашиќ до смрт ја задавил сопругата (31) и побегнал.
Полициски службеници и дежурниот обвинител извршиле увид на местото на ова тешко злосторство и оваа семејна трагедија.
Портпаролот на кантоналната полициска управа Бахрудин Џелалагиќ изјави дека дури по завршување на сите истражни дејствија ќе има повеќе информации за сторено тешко кривично дело – убиство, како и за потрагата по осомничениот кој живеел со сопругата во населбата Хармани.
Се претпоставува дека во овој момент во потрага по осомничениот се ангажирани голем број припадници на Специјалната единица на МВР, УСК и други полициски одделенија.
До овој момент осомничениот се уште е во бегство. Се уште нема информации за мотивите на грозоморното убиство.
Be the first to write a comment.