Двајца мажи и една жена загинаа вечерва во страшна несреќа што се случи на патот Панчевачкиот пат, јавуваат доцна вечерва белградските медиуми.
Тие биле сопатници во автомобил „Фиат мултипла“ кој од засега неутврдени причини излетал од патот и удрил во столб.
Од силината на ударот три лица починале на лице место, а четвртото, маж кој бил во автомобилот со нив, со тешки повреди е пренесен во болница.
– Како што дознаваме, зад воланот на автомобилот имало маж, кој изгубил контрола, го прелетал островот и удрил во бандера, објави Блиц.рс.
Загинатите маж и жена се на возраст од 56 години, додека третата жртва е на околу 40 години.
Полициски екипи вршат увид на лице место.
Be the first to write a comment.