Припадниците на МУП на кантонот Сараево го уапсија Елвир Сејфиќ, кој синоќа со нож уби едно лице и тешко го рани Суљо Плања, попознат како Суљо Домац, во центарот на Сараево.
– Како што дознаваме од сигурни извори, Плања и лицето кое синоќа е убиено, извесно време го малтретирале Сејфиќ. Му земале пари, му се заканувале и го заплашувале, а тоа засега се наведува како главен мотив за нападот, објави босанскиот портал oslobodjenje.ba.
Сејфиќ го нападнал пријателот на Плања во близина на пазарот Маркале каде го избодел неколку пати, додека Плања успеал да побегне.
– После тоа, како што дознаваме, Сејфиќ со својот автомобил тргнал по Плања и го фатил во близина на паркот Велики во Сараево, каде со нож го прободел повеќе пати, пишува споменатиот портал.
Лицето со иницијали М.Х. од здобиените повреди починал, додека Суљо Плањо е тешко ранет и префрлен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Be the first to write a comment.