Една минута и околу 15 секунди ЧИСТА НЕПРИЈАТНОСТ се прегледани над 10 милиони пати на социјалните мрежи TikTok и Twitter.
Видеото привлече големо внимание од три причини – говорот на телото на сопругот, кој јасно укажуваше дека е „фатен“ и дека нема враќање назад, изразот на лицето на швалерката, но и мирниот тон на сопругата, на која очигледно ѝ беше преку глава.
Како што се дознава, неименуваната жена знаела за неверството долго време, но го чекала вистинскиот момент, т.е. моментот кога ќе го фати сопругот на дело.
На видеото приоѓа сопругата и прашува – што се случува? Откако нејзиниот сопруг одговорил дека е на вечера, таа ја прашала жената на масата „каква врста на пријателство има со нејзиниот сопруг“.
Непријатната тишина и изразот на лицето на љубовницата, кој јасно укажува дека и нејзе ѝ се „продадена лаги“, завршува со коментар дека тој ужива во вечерата, а децата ги оставил на чување на пријател.
„Одвратен си“. Најголем дел од реакциите на Твитер беа за изразот на лицето на љубовницата.
Wife catches her CHEATING HUSBAND on a date with his coworker. Look at the body language. 🫣 pic.twitter.com/46hxejnhZD
— SixBrownChicks (@SixBrownChicks) October 6, 2022
„Овие пет секунди кажуваат илјада зборови“, „Ама нејзиниот израз на лицето, врескам од смеење“, „Да можеше, ќе умреше на лице место, мизерна“, напишаа во коментарите.
Her reaction sent me lmaooo pic.twitter.com/MXt7wpSzPO
— Mikayel Myerz (@kxminxcole) October 6, 2022
Be the first to write a comment.