И до 5.000 денари достигнува цената за метар кубен огревни дрва. Семејствата кои се греат на овој начин во зимските месеци, се жалат дека никогаш не била толку висока.

Снежана Стојановска од Тетово, вели дека драстичното поскапување многу ќе влијае на домашниот буџет, особено кога и сѐ друго е поскапено.

„СИТЕ ИМАМЕ ПРЕТПОСТАВКИ КОЛКУ, ПРИМЕР 7, 8, 9 МЕТРА ДРВА КОРИСТИМЕ ЗИМНО ВРЕМЕ, НО АКО ЗИМАТА БИДЕ МНОГУ ПОЛАДНА ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОТРОШИ, А КАКО ШТО СЕКОЈА НЕДЕЛА СЕ СЀ ПОСКАПИ И ПОСКАПИ. СЕГА ТОЈ ШТО БИ РЕШИЛ ДА СЕ ГРЕЕ НА ДРВА, ЗАТОА ШТО ИНФОРМАЦИИТЕ НЕМА ДА ИМА СТРУЈА, САКПА СТРУЈАТА, МИСЛАМ ДЕКА ПОД 75 ЕВРА НЕМА ДА КУПИ ДРВА“, ВЕЛИ СНЕЖАНА СТОЈАНОВСКА, ЖИТЕЛКА НА ТЕТОВО.

Според регулативата во ЈП „Национални шуми”, еден кубен метар дрва за огрев е 3.000 денари. Директорот Валентин Груевски, вели дека приватните оператори кои соработуваат со нив ги зголемуваат цените, особено во местата каде нема блиска шума.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) објаснуваат дека, според најновата Одлука на Владата, трговецот на мало може својата продажна цена да ја формира со максимално 10 отсто маржа на набавната цена, во која се калкулираат и трошоци за превоз, кој ја одредува самиот трговец, која, пак, не е ограничена. ДПИ пред одлуката казнила седум трговци по Закон за трговија, а по донесувањето уште двајца кои не го почитувале замрзнувањето на маржата.

„ВО ПЕРИОДОТ ОД 22.7 ДО 28. 7 ИЗВРШЕНИЕ СЕ 131 ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛАТА ДРЖАВА, КАДЕ ШТО СЕ УТВРДЕНИ 7 НЕПРАВИЛНОСТИ И ИЗДАДЕНИ СЕ 14 ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТТНИ НАЛОЗИ, НО ОВА Е ПРЕД ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА. ПО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 11.8 ДО 2.10.2022 ГОДИНА ИЗВРШЕНИ СЕ НАД 45 ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ ПО ОДНОС НА ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА, ИЗДАДЕНИ СЕ 4 ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТНИ НАЛОЗИ, ИЗЈАВИ АЛЕКСАНДРА КОТЕЛИ ОД ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

Инаку од Јавното претпријатие „Национални шуми“ смируваат дека дрво ќе има, но не се знае дали ќе ја задоволи побарувачката. Оваа година побарувачката е многу поголема за разлика од предходните, што според нив е вештачки наметната, па поради енергетската криза и семејствата кои се греат на струја, купуваат дрва во залиха.