Во целост пренесуваме молба од еден татко, кој бара помош за своето дете. Апелираме доколку сте во можност да му помогнеме на ова девојче.
ДА ВЕ ЗАМОЛАМ ЗА ВАШЕ ВНИМАНИЕ ОД НЕЦЕЛИ ТРИ МИНУТИ
Петнаесет години живот на маргините на Македонското општество, убедувања со сите политички гарнитури за подостоен живот ,борба за надеж и лекување во странство, зголемување на додатокот кој изнесува нецели сто евра и многу други работи, не знам дали на оваа голгота ќе има крај.
До кога нашите деца ќе бидат лекувани со СМС пораки на хумани граѓани и донации на приватни фирми, но без оглед на тоа ние не се предаваме, ја бараме вашата поддршка и споделување на објавата не само за мојата Анастасиа, туку и за многу други деца на кои им е потребна помош.
Терминот е закажан на 24.10 за во Словачка,ни преостануваат нецели 20 дена. Уште еднаш да Ве замолам да дадеме поддршка за да ги собереме потребните 10.000 евра.
Т- мобиле 143-132
А1 143-486
НЛБ Тутнска
210-501749737944
Татјана Митевска
Овде е линкот за сите добронамерни и хумани наши МАКЕДОНЦИ кои живеат ширум светот, на кој може да ја дадат се надевам својата поддршка.
https://www.gofundme.com/f/anastasia-mitevska?member=20296725&utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=copy_link_all&utm_source=customer
Be the first to write a comment.