Баба Ванѓа или Вангелија Димитрова, моминско Пандева, е родена во 1911 година во Струмица, Македонија. Луѓето од целиот Балкан, Европа и многу делови од светот доаѓаа кај Баба Ванѓа за предвидувања.
Ја посетија најмоќните луѓе на светот, но и сиромашните од нејзиното село. Таа е заслужна за предвидувањето на судбините на Хитлер, Путин, Горбачов, Сталин, Лејди Ди, Џеки Кенеди, како и најголемите светски трагедии.
Да потсетиме дека Ванѓа предвидела и дека нејзиниот „дар“ ќе го наследи слепа девојка од Франција. Според нејзините предвидувања, Третата светска војна ќе започне прво во земјите каде што луѓето ќе се распраават меѓу себе, па конфликтот подоцна да се прошири во целиот свет. Ванѓа наводно предвидела дека до 2043 година исламот ќе ја преземе Европа.
Многумина не веруваа во нејзиниот „дар“ да предвидува.
Таа често била гледана во друштво на лидерот на Бугарската комунистичка партија, Тодор Живков, а се смета дека преку тој канал добивала информации од тајните служби.
Во 1926 година, по совет на соседите, го испратиле слепото девојче Ванѓа во „Домот за слепи“ во Земун, каде што поминала две години. Бугарката била заведена во Домот под српско име и презиме, како Анѓелија Тасиќ. Пред тоа лекарите не можеле да ѝ помогнат. Наводно, две операции во Скопје и една во Белград немале ефект.
Ја предвидела и сопствената смрт. „Состојбата и се влоши многу“, рекле нејзините блиски на полноќ на 10.08.1996 година.
– Ќе живеам додека ми е судено да живеам на овој свет – рекла еднаш Баба Ванѓа.
Далечната роднина на Ванѓа, која била до нејзиниот кревет до последен момент, сведочела дека во тој момент пророчицата побарала чаша вода, корка леб и – темелно да се избања!
– Е, сега се е во ред – рекла тогаш таа.
Баба Ванѓа почина на 11-ти август, 1996-та година, а пред смртта на генерациите кои доаѓаат им оставила една важна порака.
Нејзините последни зборови ви ги пренесуваме во целост:
„Ќе дојде време на чудото, кога науката ќе направи големи откритија на полето на нематеријалното“.
Во точно 9 часот и 20 минути, кога бугарската пророчица го напуштила овој свет, стрелките на часовникот кој што се наоѓал во нејзината соба застанале.
Be the first to write a comment.