Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на вонредна прес конференција најави субвенции на сметките за електрична енергија на граѓаните.
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на вонредна прес-конференција обелодени дека граѓаните на град Скопје ќе имаат парно греење од 15-ти октомври.
-Донесена е одлука за почнување на постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија. Ги повикувам Град Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност да дадат позитивно мислење со што ќе се создадат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Во однос на електрична енергија, ќе добиеме стабилна испорака. 80% ја субвенционираме сметката за струја за 650.000 домаќинства, а над 70 илјади компании и правни субјекти со промет годишен до 2 милиони евра, ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати поевтина од берзанската, рече Ковачевски од Медија центарот на Владата.
Премиерот апелира до граѓаните за штедење на електричната енергија.
-Секој киловат час заштеден значи заштеда на Буџетот и подобрување на квалитетот на животот. Сега е време на штедење и штедиме за да имаме електрична енергија. Сите да се обединиме за животот на граѓаните, додаде Ковачевски.
Be the first to write a comment.