Трагично заврши потрагата по исчезнатото 26 – годишно момче од Кавадарци по кое од вчера трагаат полицијата и пожарникарите, а за кое постоеа сомневања дека настрадало во водите на Десниот магистрален канал од хидросистемот на АД „Водостопанство Брегалница“.
Во водите на каналот во близина на селото Бање нешто пред 19 ч. е пронајдено беживотно тело на машко лице. По идентификацијата на лице место било утврдено дека станува збор за лицето кое од вчера е пријавено за исчезнато.
Телото е пронајдено откако претходно од АД „Водостопанство Брегалница“ го намалија дотокот на вода во каналскиот систем.
Be the first to write a comment.