Синоќа пред ресторан во урбаната белградска населба Ушќе се случила тепачка, а видеото брзо беше објавено на социјалните мрежи.
Како што може да се види на видеото, објавено на на страната на Инстаграм moj_beo_grad девојката го нападнала мажот, почнала да го удира, додека останатите се смееле.
Имено, на видеото се гледа како девојка видно вознемирена и лута бесно удира маж кој исплашено се враќа назад. Се претпоставува дека се работи за таксист, со оглед на тоа дека се повлекува кон паркираното такси возило.
Под овој пост коментарите најмногу се осудувачки, а сите најмногу се прашуваат „како дојдовме до заклучок дека вакво нешто ни е смешно“. Зошто и како дошло до конфликтот не е познато.
Be the first to write a comment.