Извесна Ж. М. го привлече вниманието бидејќи на денот кога телото на Матеј Периш беше извлечено од Дунав, објави црна слика на Фејсбук во знак на жалост, но напиша и шокантни зборови посветени на трагично загинатиот сплиќанец.

Ковчегот со телото на Матеј Периш (27) вчера е пренесен во неговиот роден град Сплит. Неговите пријатели, познаници, но и оние кои не го познаваа, тагуваат по сплиќанецот, кој на 18 мај по петмесечна потрага беше пронајден мртов во Дунав на белградска Ада Хуја.

Меѓу ожалостените е и една девојка Ж. М., која му оставила порака на Матеј, откако неговото тело било извлечено од реката:

– Извини, те молам, што не те гушнав и бакнав за последен пат, што не ти кажав колку ми значиш и колку те сакам… извини, ќе се видиме на подобро место, го знам тоа.

Кажи ако знаеш нешто

Заедно со оваа порака, која ја објави во една од бројните Фејсбук групи посветени на Периш, мистериозната девојка остави три срца, но и емотикони што плачат. Таа, исто така, откако беше откриено дека сплиќанецот повеќе не е жив, оставила само црна позадина како нејзина профилна фотографија на Фејсбук, што е знак на тага, односно сакала да им покаже на своите пријатели дека страда.

Под таа фотографија нејзините пријатели оставиле знак прашалник, но таа не сакала да објасни зошто е тажна – вели извор и додава дека сега луѓето кои будно ја следат потрагата по Периш претходните 139 дена се прашуваат која е девојката.

– Ако лично си го познавала Матеј, треба да кажеш ако знаеш нешто… Секоја ситница може да помогне да се открие правата вистина. Ова ми е малку сомнително, бидејќи тој никогаш не познавал никого во Србија, сето тоа е малку чудно – напишале корисниците на социјалната мрежа под објавата.

Курир.рс стапиле во контакт со Ж. М., а таа им објаснила дека Матеј го запознала на море.

– Да, се познававме, се запознавме на море. Како што веројатно веќе знаете, тој работел како капетан. Се запознавме на море, а подоцна дружењето продолжи. Беше личност која можеше да сака секого, буквално секого – вели оваа девојка и додава дека Матеј секогаш имал големи планови.

Неодговорени прашања

Да потсетиме, Сплитќанецот исчезна во пресрет на новогодишната ноќ во Белград, каде дошол со своите пријатели. Како што утврдила истрагата, Матеј кобната ноќ го напуштил клубот „Готик“ во Бетон хола, а потоа истрчал до шеталиштето Сава и влегол во Сава. Неговото тело испливало на 18 мај на Ада Хуја, при што било утврдено дека се удавил, и дека смртта не била насилна. Сепак, иако телото беше пронајдено и агонијата заврши, некои прашања за овој случај засекогаш ќе останат неодговорени.