Борис Пожег-Пикси, партнерот на мајката на Лука Дончиќ, Мирјам Потербин, се најде во судска истрага во Окружниот суд во Љубљана. Имено, тој и уште две лица се осомничени за кражба, објави словенечки „Вечер“, пренесува Република.рс.
Покрај него, осомничени се и српскиот државјанин Никола Богојевиќ и Македонецот Пецо Балаловски.
– Тројцата две години се под истрага на Окружниот суд во Љубљана поради сомнение дека извршиле три големи кражби. Избраникот на Мирјам Потербин, Борис Пожег, за Вечер изјави дека обвинувањата на обвинителството се неосновани. Сè започна кога Матјаж Ожболт поднесе кривична пријава во полиција против споменатите тројца во февруари 2020 година, објавија медиумите.
Како што навел во тужбата, тој е сопственик на глисер што Мирјам Потербин првично му го купила на синот Лука Дончиќ, како и на автомобилите Audi Q5 и VV Tiguan. Вкупната вредност на возилата е 45.000 евра.
Судската истрага се уште не е завршена, а конечната одлука на државниот обвинител допрва ќе биде донесена. Тоа значи дека обвинителството ќе може да поднесе обвинение против Пожег, Богојевиќ и Балаловски, но и да одлучи дека нема основа за тоа и со тоа да го затвори случајот.
Пожег е познат словенечки бизнисмен, кој беше косопственик на култниот хотел Белцијан, кој во меѓувреме престана со работа. Покрај бизнисот со недвижнини, тој се занимава и со продажба на сладолед и многу други бизниси, а некогаш бил и тркач на рели.
Да потсетиме, во средата се појави информација дека Лука Дончиќ ја тужел својата мајка Мирјам Потербин.
Словенската кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ во вторникот поднел барање до Канцеларијата за патенти и заштитни знаци на САД со кое бара поништување на регистрацијата за заштитен знак „Лука Дончиќ 7“, кој е во сопственост на неговата мајка, Мирјам Потербин.
Во тужбата која е поднесена од страна на адвокатската канцеларија „Браун Радник“ стои дека Дончиќ не е поврзан со брендот „Лука Дончиќ 7“, и дека не одобрува пласирање на роба и услуги под споменатото име.
Околу целата ситуациja со коментар се јави и неговата мајка Мирјам.
„Се што е напишано доаѓа од луѓе кои го опкружуваат Лука во последните две години и сакаат целосна контрола врз неговиот живот и кариера. Не сакам да ги вадам валканите алишта, особено во време кога Лука треба да се фокусира на важните натпревари пред него. Од самото раѓање, единственото нешто што ми беше важно беше тоа Лука да е среќен. Секогаш ќе стојам да го штитам мојот син и никогаш нема да отстапам од тоа“, изјави Мирјан.
Be the first to write a comment.