Водителката на Пинк, Дајана Пауновиќ во текот на ноќта доживеала сообраќајна несреќа во која се здобила со полесни повреди.
Несреќата се случила кај местото викано Бубањ поток. Во моментот на несреќата Пауновиќ спиела на задното седиште, додека Марко Матиќ, кој е член на нејзината фондација, бил напред со возачот.
– Јас и Марко едвај преживеавме. Автомобилот го нема повеќе. Не знам како сме живи, не знам – изјавила Дајана Пауновиќ за Република.рс.
Како што може да се види на фотографиите, од автомобилот останал само багажникот.
– Возачот за малку ќе не однесеше во смрт. Однел банкина од 20 метри, 4 блока, од автомобилот остана само багажникот. Полицајците се крстеле кога виделе што се случило – вели Дијана за Република.рс и додава дека несреќата се случила додека се враќала од Косово, каде нејзината фондација им поделила таблет компјутери на студенти од Штрпце.
– За прв пат го видов она што го гледам во филмовите, како се оди во смрт – рече Пауновиќ.
Според неа, таа и Марко Матиќ се здобиле со полесни повреди на вратните пршлени и надворешни рани.
Be the first to write a comment.