Попладнево скопски Аеродром го зафати силно невреме проследно со пороен дожд, град и силен ветер.

За неколку минути, овој дел од градот беше под вода. Во трговскиот центар „Бисер“ им се поплавуваат и дуќаните лоцирани на подолните катови. Се слушаат и силни грмотевици.

Дел од улиците се под вода, а има и паднати делови од дрва. Невреме зафати и други делови од Скопје. Дел од булеварите веќе се под вода и го отежнуваат движењето на автомобилите.

🎥

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Попладнево нешто после 16:30 часот силно невреме со град го погоди главниот град на државава, Скопје.

Градот паѓаше со силен интензитет и веројатно на повеќе места предизвикал штети.

Властите накнадно ќе излезат со информација за штетите бидејќи невремето, иако со намален интензитет, сѐ уште трае.