Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати Скопската Котлина.

На многу места во градот се откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците се поплавени.

Исто така, дождот го поплави и новиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.

Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи, драматична била состојбата кај Мавровка.

Таму во водата на улица е заглавено возило на Итна помош.

Во возилото има пациент, кој како што информираат на видеото на социјалните мрежи, е во добра состојба.