Во моментов во Скопје трае големо невреме со силен ветер, град и дожд. Невремето почна пред околу половвина час, и се уште трае.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за попладнево во Скопје најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

За утре се најавува претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.

Слично време се најавува и во следните три дена: