50 годишник во исповед за грчките медиуми го опишува кошмарното искуство што го доживеел во местото Сосаки на Коринт во Грција, откако во напад од глутница кучиња тие му го откинале увото. За неговите драматични напори да го спаси својот 9-годишен син и двете внуки сведочат страшните фотографии.
Немилиот настан се случил на 13 август кога Стаматис Капетаниос ги одвел својот 9-годишен син Дени и неговите две внуки Рокси (11) и Теди (9), да го видат вулканот одблиску. Неколку метри пред да стигнат до целта, тие биле бесно нападнати од глутница од 15 кучиња скитници, кои побрзале да ги искасаат. Најпрво кучињата нападнале две од трите деца, а Стаматис Капетаниос притрчал кон нив за да ги избрка и да ги заштити децата.
Кучињата потоа се нафрлиле врз него.
„Ги видов кучињата како ги гризат децата и со сите сили се борев да ги спасам. Ги извадив шишињата со вода од ранецот што го носев и почнав со сета сила да ги фрлам по нив. Набргу потоа, кучињата ме нападнаа мене за да ме гризнат. Ме совладаа и ме касаа насекаде, по лицето и телото, мислев дека ќе умрам“, вели тој за protothema.gr.
„Во тоа време се свртев и ги погледнав децата, кои ја гледаа ужасната сцена. И добив сила, успеав да станам и повторно да почнам да се борам. Бев соборен по втор пат. Не знам каде најдов сила да се борам за мојот живот, но успеав да ги оттурнам“.
Стаматис Капетан облеан во крв, со сериозни рани по главата и телото, ги зел децата кои исто така имале рани од каснување и отишол кон својот автомобил. Возејќи со едната рака и обидувајќи се да ги смири децата, отишол во болницата во Коринт.
Раните на децата биле сошиени и тие биле пуштени. Тој итно бил префрлен во болница, бидејќи меѓу другото, се здобил со сериозно оштетување на увото и морал веднаш да биде опериран. Тој добил 100 конци и сега е пуштен од болница.
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.