Топло летно попладне, 30 август 1974 година, последниот ден од распустот. Тргнал возот за Дортмунд. Работниците се враќале на своите работни задачи, а семејството, татковците, мајките, браќата, сестрите, роднините, им мавтале од перонот.

На 30-ти август пред 48 години се случи најголемата железничка несреќа било кога во СФР Југославија. На 30 август 1974 година експресниот воз „Директ Ориент“ на линијата Атина- Белград- Загреб- Дортмунд излета од шините поради голема брзина при влегување во централната станица во Загреб. Сите девет вагони се превртеле, а во несреќата загинале 167 патници.

Во возот имало околу 400 патници, од кои повеќето гастарбајтери кои по летниот одмор се враќале на работа во СР Германија. Возот се движел низ две кривини и повеќе скретници на влезот на железничката станица во Загреб со брзина меѓу 97 и 104 километри на час, што е речиси двојно повеќе од дозволената брзина. Поради ова дошло до оштетување вагоните и пругата, по што вагоните излетале и на крајот се превртеле.

При превртувањето вагоните искршиле електрични столбови, а некои патници доживеале струен удар. Многу тела биле згмечени, па идентификацијата била тешка. Дури 41 неидентификувана жртва беа погребани во заедничка гробница на гробиштата „Мирогој“ во Загреб.

– Се беше полно со расфрлани нозе и раце по целата област. Никој не можеше да се препознае. Луѓето собирале раце и нозе и ги фрлале во вреќи. Тоа е страшна слика и нешто незамисливо – изјави еден очевидец.

– Ги разбирам луѓето што овде постојано прашуваат: „Најдете ми го братот“, „Најдете ми ја жената“ или слично. Тие дури сакаат и да ги видат мртвите. Мислат дека ќе можат да ги препознаат. Тоа не доаѓа предвид. Тие се до таа мера непрепознатливи, што тешко ни е и нам да се справиме, а камоли друг да ги препознае. Не доаѓа предвид воопшто да им се покажат – вели еден лекар во тоа време пред ТВ-камерите.

Патникот Милан Ивош сведочел за „Вечерњи лист“ како изгледала несреќата.

– Можеби десет минути пред несреќата, излегов од купето за да ги истегнам нозете во ходникот. Таму најдов придружник со кој испушив цигара. Одеднаш, вагонот стана како брод и почна силно да се ниша. Се прегрнавме за да не паднеме. Потоа почна пеколот. Вагонот се преврти, но продолжи да се лизга странично, каде што беа прозорците. Од купето, во кое бевме седуммина, имаше врескање и лелекање. Конечно, кога сè престана, чадот почна да нè задушува. Вратата од купето не се отвораше, па го скршивме стаклото и влеговме. Почнав да ја извлекувам сопругата. На мој ужас, видов дека не дава знаци на живот. Мислев дека е во бессознание, но за жал беше мртва. Повеќе немав сила да им помогнам на другите – раскажува патникот.

Државната комисија утврдила дека причина за несреќата е преголемата брзина. Возачот Никола Кнежевиќ и неговиот помошник Стјепан Варга се уапсени и осудени на 15, односно осум години затвор. Во текот на судењето се покажа дека двајцата работеле по 300 часа во претходните 30 дена, а до несреќата работеле 51 час непрекинато!

Како отежителна околност беше земено тоа што возот во неколку наврати ја надминуваше дозволената брзина и пред Загреб. Двајцата во локомотивата заспале неколку пати. Така поминале дел од пругата, каде брзината била ограничена на 80 километри на час, со брзина поголема од 100 километри на час.

Преживеаните патници сведочеа дека возот опасно се навалувал во кривините. Превртувањето по минувањето на скретниците во моментот на несреќата ги разбудило, па ја повлекле итна сопирачка. Но, веќе било доцна: вагоните испаднале, а само локомотивата запрела.

Велат дека Кнежевиќ, кога видел дека нема вагони, му рекол на Варга:

„Штеф, готово е!

Никола Кнежевиќ ја отслужи казната, но по излегувањето од затвор никогаш не сакаше да зборува за несреќата. Варга почина во затвор.

Она што не била нивна грешка е големиот број работни саати и можеби дури и желбата да надоместат за доцнењето со побрзо возење.

Секако, како и секој ваков голем и трагичен настан, и овој бил обвиткан со теории на заговор. Имало приказни што работите ги ставиле во национален контекст – несреќа во која загинале луѓе со српско потекло се случила по само 3 месеци од хрватската пролет.

Се споменувале саботажи, пијани машиновозачи, ненадејно движење. Но, станува збор за чиста физика и фактот дека слабата инфраструктура не може да издржи толкава сила. Возот влегол во кривината со брзина од 100 километри на час, иако дозволената брзина била двојно помалку, па предизвикал оштетување на вагоните и нивно превртување.

По оваа несреќа локомотивата продолжила да работи. Кога го завршила својот работен век, била сместена во музејот на Хрватските железници.