Австриското Министерство за внатрешни работи не ја потврди веста што кружи по социјалните мрежи за убиството на Украинката Наталија Вовк, која е осомничена за обид за убиство на Русинката Дарија Дугина, ќерка на Александар Дугин.
„Таков случај не е познат во Австрија. Затоа, не можеме да ја потврдиме автентичноста на оваа информација“, соопштиле од австриското МВР како одговор на барањето на ТАСС.
Претходно, низ социјалните мрежи и послабо рангирани медиуми беше раширена информацијата дека Вовк е убиена со 17 убоди од нож, а дека ќерка и исчезнала.
29-годишната руска новинарка Дарија Дугина работеше во медиумите и редовно известуваше за настаните во Донбас. Талентирана Русинка загина ноќта на 20 август, кога автомобилот во кој требаше да се наоѓа и нејзиниот татко беше разнесен на автопатот Можајск во областа Одинцово во московскиот регион.
Центарот за односи со јавноста на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација два дена подоцна соопшти дека убиството е расветлено.
Го подготвиле специјалните служби на Украина, а изведувач била Наталија Вовк, која веднаш исчезнала во Естонија, забележале од одделот.
Be the first to write a comment.