Три лица загинаа кога камион влетал во група луѓе кои биле собрани на забава со скара, соопшти холандската полиција за несреќата во градот Ниу Бејерланд во близина на Ротердам. Во инцидентот има и повеќе повредени, јавија холандските медиуми.

Била повикана влечна служба да помогне во извлекувањето на возило на шпанска компанија, јави агенцијата ДПА. Германската агенција додава дека во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница, пријавил НОС.

Полицијата не го прецизира точниот број на загинатите, туку само соопшти дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот на 30-тина километри јужно од Ротердам.