Најмалку 96 туристи наводно се затруле со храна во ресторан во Будва, потврдија повеќе извори за порталот „Дан“. Најчесто станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле гости во еден ресторан. Сите се сместени или добиле медицинска помош во болниците во Котор, Бар и Цетиње, пишува црногорскиот портал „Дан“.

Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите од ресторан се пријавиле во медицински установи поради стомачни проблеми.

Порталот „Дан“ засега официјална потврда добил само од Општата болница во Котор каде синоќа биле примени голем број туристи со стомачни тегоби.

– Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање. Брзо се згрижени сите, а утрово повторно се направени лабораториските анализи. После тоа околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување, изјави за порталот директорот на которската болница д-р Давор Кумбуровиќ.

Се уште нема официјална потврда за останатите туристи кои се затруле и за објектот каде што јаделе. Во Здравствениот дом во Будва дури и велат дека не знаат за што се работи, додека во државните институции никој не сака да зборува за тоа, бидејќи е неработен ден.

Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ и општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имаат здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.

Сè уште не е добиена официјална потврда за останатите туристи кои се затруле и за објектот каде што јаделе.