Возачот на автобусот кој пренесувал мигранти не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуска постојка.
Двајцата полицајци во автомобилот загинале на местото на настанот, по што е покрената истрага за инцидентот.
Двајца бугарски полицајци загинаа при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјата. Инцидентот се случил утрово во 5 часот при потера по автобусот со мигрантите во градот Бургас.
Возачот на автобусот кој пренесувал мигранти не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуска постојка.
Двајцата полицајци во автомобилот загинале на местото на настанот, по што е покрената истрага за инцидентот.
Во автобусот се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена, а меѓу нив имало мажи, жени и деца. Никој од нив не е повреден. Мигрантите биле превезувани од двајца Сиријци кои имале хуманитарен статус во Бугарија. Еден од нив е приведен на местото на настанот, а по другиот трага бугарската полиција.
На местото на несреќата во Бургас пристигна бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев, според кого, одговорноста за инцидентот е на граничната полиција, а за ова побарал оставка од нејзиниот заменик-директор Дејан Молов.
Дерменџиев изјави дека шверцерите ѝ објавиле „војна на Бугарија“, а неговата земја со сите сили ќе одговори на овој предизвик, при што дополнително ќе се обезбедува безбедноста на границата на Бугарија со Турција.
Неговиот колега, министерот за одбрана Димитар Стојанов, најави дека армијата ќе испрати 300 војници за зајакнување на безбедноста на границата со Турција.
Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа.
Малкумина од нив сакаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ.
Be the first to write a comment.