Стефана Ѓуровиќ (24) трагично загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во понеделникот на 23 август во местото Губеревац кај Крагуевац, кога автомобилот во кој се наоѓала со другарка и машко лице излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Девојката со која била во автомобилот е во тешка состојба на клиниката Бањица, додека возачот бил повреден, но наводно бил свесен во моментот на несреќата.

Од Стефана се простија и колегите од Факултетот за хотелски менаџмент и туризам од Врњачка Бања.

-Со неизмерна болка и тага ги известуваме студентите и сите вработени на Факултетот за хотелски менаџмент и туризам во Врњачка Бања, дека трагично доживеа нашата драга колешка Стефана Ѓуровиќ, студентка во трета година на Основни академски студии, трагично загина во сообраќајна незгода на 23.08.2022 година – порачаа од таму.

Опелото и погребот ќе се извршат денеска во 12 часот на Старите гробишта во Краљево.

Инаку, несреќата наводно се случила на вториот ден од свадбата, каде Стефана била кума.

Како што јави 192, повредената девојка која се наоѓа на Клиниката за ортопедија во Бањица има повреди на вратните пршлени и кичмата и е во многу тешка состојба, во кома. Лекарите се борат за нејзиниот живот. Покрај повредите на ‘рбетот и вратот, таа има хематоми и расекотини по целото тело.