Ренато Грбиќ, рибар и сопственик на ресторан на брегот на Дунав во Белград, кој спасил голем број луѓе од давење во реката, за N1 изјавил дека телото на млад човек за кој се сомнева дека е Матеј Периш излегло поради пораст на температурите во последните денови.
– Во времето кога (Матеј) скокна, температурата беше само неколку степени, тогаш телото може подолго да опстои. Последниве денови почнаа температури над 25, 26 степени – изјави Грбиќ за Н1.
Кога водата се затоплила, телото испливало на 300-400 метри од мостот, прецизира Грбиќ.
Вишото јавно обвинителство во Белград потврди дека утрово во Дунав кај Ада Хуја било пронајдено тело на помлад, засега непознат маж.
– Дежурниот заменик виш јавен обвинител во Белград изврши увид на лице место и нареди обдукција, токсиколошка и ДНК анализа, со што ќе се утврди идентитетот на лицето, како и причината за смртта. МВР и Вишото јавно обвинителство во Белград навремено ќе ја информираат јавноста за резултатите од споменатите анализи што ги направил Институтот за судска медицина – наведуваат од обвинителството.
Таткото на Матеј Периш, Ненад Периш, претходно потврди дека српската полиција го известила дека во Дунав кај Ада Хуја е пронајдено тело на млад човек, кое според неговиот опис и облека одговара на неговиот син.
Be the first to write a comment.