Шокирана и со растреперен глас, мајката на шестгодишната Амелија од Коринт чиј детски живот трагично згасна во понеделникот во Грција, за грчките медиуми вели: „Ја изгубив ќерката единец“.
Телото на девојчето кое се удави на плажата во Каламаки се уште е во болница и во следниот период ќе биде извршена обдукција. Во последниот месец, мајката заедно со Амелија се преселила во градот Коринт, бидејќи таа е разделена од сопругот.
„Бев на работа кога ме зеде соседот и ми рече дека го бараат моето дете и не можат да го најдат“, вели мајката на шестгодишното девојче, кое со таткото заминало да плива на плажа во Каламаки.
„Веќе еден месец сме во Коринт. Бевме во Коринт кај нашиот нов дом и во 12 часот дојде и го зеде детето. Бев тука, работев“.
Младата мајка, додека мислела дека нејзиното девојче е добро, од еден од соседите дознала дека ја бараат малата Амелија, но не можеле да ја најдат. „Ми се јави еден сосед во Каламаки и ми рече „го бараат твоето дете и не можат да го најдат“. Веднаш отидов со такси и стигнав во болницата во Коринт“.
Како што нагласува, нејзиниот поранешен сопруг ја сакал нивната ќерка и додава дека нејзиниот поранешен сопруг знаел да плива, но имал проблеми со дишењето.
„Детето го сакаше. Знам дека има астма. Не знам што се случило“.
Од 3 часот по полноќ во вторник жената е во болница за да ја види ќерката, додека во овој момент во куќата на разорената мајка пристигнале нејзините родители кои патувале од далеку кога ја дознале трагичната вест за смртта на нивната внука.
ПРЕСВРТ: Има индиции за кривично дело!
„Има индиции за кривично дело“, изјави денеска Ставрос Баласкас од Синдикатот на грчката полиција за давењето на 6-годишното девојче во Коринт.
Како што изјави во емисијата „Утрински вести“ на СКАИ, списите за случајот се отворени и се спроведува сериозна прелиминарна истрага од надлежните, посочувајќи дека „се уште се е на ниво на сомнеж“.
Како што оцени, во наредните три дена ќе има „материјални докази“ за да може досието да биде затворено и испратено до надлежното обвинителство.
– Очекуваме во следните три дена да има материјални докази за да можеме да го затвориме досието и да го предадеме на обвинителството, рече тој.
Се потсетува дека денеска се очекува да даде исказ таткото на 6-годишното девојче, кој е кривично обвинет за изложување на малолетно лице на опасност.
Хроника на трагедија
6-годишното дете се удавило во понеделник напладне на плажата Каламаки во Коринт. Во изјавата пред крајбрежната стража, таткото тврдел дека на девојчето му ставил елек за спасување за да плива, додека и тој влегол во морето. Потоа се обидел да ја подигне ќерка си на врзан чамец и како што тврдел, таа му се лизнала од рацете, елекот за спасување и се лизнал од половината, а девојчето пропаднало на дното, на длабочина од 6 метри.
Тој исто така тврдел дека не можел да се нурне за да ја спаси бидејќи боледува од астма. Рекол дека го немал мобилниот телефон со себе и дека морал да пешачи доста далечина барајќи помош.
„6-годишното дете носеше облека и сандали“
Кога детето било однесено во болница, првите луѓе кои веднаш притрчале кај 6-годишното дете виделе дека таа носи облека и чевли. Шокантен е описот на пливачот кој го извлекол удавеното дете:
„Се сеќавам дека носеше сандали, шорцеви и блуза. Таа не носеше костим за капење. Водите беа матни поради временските неприлики. Длабочината на која ја најдов под чамецот беше еден до два метри. Откако го извадив детето почна да плука вода и пена од устата. Повраќаше и исфрлаше храна“.
Конечно, 6-годишното девојче со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општата болница Коринт, каде била констатирана смрт.
Според информациите, таткото е разделен од сопругата и во понеделник напладне ја зел ќерката од мајката да одат заедно на пливање. Забележано е дека тоа не било нешто невообичаено за ова семејство: иако парот е разделен, тие не се развеле, а таткото речиси секој ден го чувал детето по неколку часа, за да може мајката да работи како чистачка.
Родителите на шестгодишното дете дале изјави во Капетанијата на пристаништата Истмија, каде што е преземена и прелиминарна истрага.
Be the first to write a comment.