Украинската војска објави снимка од наводен руски турист кој се фотографира до руските позиции со ракетниот систем С-400.
„Можеби сме премногу груби со руските туристи… Понекогаш тие можат да бидат многу корисни. Како овој човек кој се сликаше во близина на руските противвоздушни позиции во близина на Евпаторија, на окупираниот Крим. Ви благодариме и продолжете со добрата работа, “, соопшти украинската армија.
Фотографијата наводно е направена на крајот на минатиот месец и била искористена за геолокација на точната локација на системот. Засега не се познати повеќе детали.
Како што пишува Марк Крутов, новинар од Радио Либерти, кој ја објави сторијата, станува збор за системот С-400. Тој додава и дека било лесно да се лоцираат системите бидејќи се наоѓале во непосредна близина на плажата.
Maybe we are being too hard on russian tourists… Sometimes they can be really helpful. Like this man taking pictures at russian air defense positions near Yevpatoria, in occupied Crimea. Thank you and keep up the good work! pic.twitter.com/bj5oEyXU0H
— Defense of Ukraine (@DefenceU) August 22, 2022
Be the first to write a comment.