На социјалните мрежи се прошири фотографија од две млади момчиња кои уринираат во споменик во центарот на Сплит. Иницијатива на граѓани испратија соопштение до медиумите, кое го пренесуваме во продолжение:
– Како група граѓани, обединети во граѓанската иницијатива Гетани, сметаме дека е неопходно да се реагира на однесувањето на индивидуалните туристи. Имено, сведоци сме на туристичките рекорди што ги постигнува нашиот град, а согледувајќи ја важноста на оваа гранка на дејност за голем број наши сограѓани и деловни субјекти, до сега само реагиравме до надлежните служби со поединечни пријави за прекршоци на позитивните законски прописи.
Меѓутоа, одамна, последната капка се прелеа преку чашата со трпението што го имавме, а разбирањето за туристичката сезона исчезна веќе по еден месец неспиење.
„Изложени сме на терор“
Неприфатлив е теророт на кој сме изложени во текот на целата сезона од индивидуални туристи и од оние кои им ги даваат овие услуги. Сметаме дека однесувањето на пијаните поединци е апсолутно неприфатливо бидејќи мокрењето и повраќањето веќе не се спорадични настани, а сме „закопани“ во ѓубре и изложени на бучава и гужви.
Потсетуваме, градскиот кварт Град е токму она што го кажува неговото име: градска населба, населена со станари кои НЕ живеат од туризам.
Пет барања
Покрај сето претходно наведено, итно бараме средба со одговорните во Градот и бараме:
1. Итна забрана за јавни собири на 20 или повеќе лица заради организирано пиење алкохол и забрана за ноќни клубови во населени места.
2. Регулирање на музика во живо и концерти, забрана за употреба на звучници и засилувачи на отворено и ригорозни казни за уличните музичари кои користат засилувачи.
3. Ревизија на сите привремени дозволи и зголемен надзор на „сивите“ зони: брза храна која всушност е ресторан, апартмани кои се хотели, изнајмување домаќинства што всушност се апартмани и слично.
4. Итно воведување на ноќна смена за комунални чувари и/или обезбедувачи во споменикот на културата.
5. Заклучување на канти за комунален отпад, кој може да го користат само станарите, и ригорозни казни за неправилно отстранет отпад.
Be the first to write a comment.