Трагедија се случила на планината Фалакро во грчката регионачна единица Драма за време на планинарски натпревар кога гром удрил во тројца алпинисти, од кои еден загинал, а друг е повреден.
Конкретно, 56-годишен маж е пронајден во несвест од страна на службите за итна медицинска помош, а 55-годишен маж е тешко повреден. Според грчките медиуми, повредениот бил свесен, но не комуницирал добро.
– Теренот е многу тежок и се прават напори да се премести хеликоптер за извлекување на мртвото лице кое се наоѓа таму, изјави техничкиот директор на организацијата на трката Михалис Пападопулос.
Двајцата алпинисти биле во кањон на 6 километри после селото Пиргои од каде што започнала и завршила планинската трка на издржливост.
Како што јави ЕРТ, трагедијата се случила непосредно пред крајот на трката бидејќи првите 10 спортисти веќе завршиле, кога се случиле тешки временски услови со дожд и гром.
Колегата на двајцата мажи рекол дека биле погодени од гром, при што едниот загинал, а другиот е повреден. Планинската трка на издржливост долга 35 километри започна во саботата наутро, а спортистите ќе завршат денес, недела 21.08.
Временските услови во областа беа многу лоши со пороен дожд што ја отежна спасувачката акција во која учествуваа 14 пожарникари со 5 возила.
Be the first to write a comment.