Доцна синоќа во болница на Крит е префрленo 20-годишно момче од Холандија, кое било под дејство на алкохол.

Инцидентот е снимен во хотел на Hersonissos кога 20-годишникот кој претходно конзумирал поголема количина алкохол не забележал дека базенот е празен, поради што паднал и се повредил.

Медицински екипи излегле на лице место и со повреди на лицето и рацете го однеле момчето во болница.