По неколкудневните тензии и убиството на лидерот на Исламскиот џихад, отворена ескалација меѓу Израел и Газа следеше по налетот на ракети истрелани од Газа.
– Најмалку 100 ракети биле истрелани од Појасот Газа кон Израел во последните 30 минути, јавуваат медиумите.
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25.000 резервисти за тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти неговата прес-служба.
JUST IN: Open Escalation between #Israel and Gaza following Israel’s assassination of Islamic Jihad leader today, followed now by barrages of rockets fired from Gaza. Israel has called up 25,000 reservists: pic.twitter.com/KdQfMqd72F
— Joyce Karam (@Joyce_Karam) August 5, 2022
На видео од Твитер може да се види „Железната купола во акција“, односно како ова оружје соборува проектили.
Iron Dome in action, saving lives, as it intercepts PIJ rockets fired at Israel from Gaza! pic.twitter.com/kkE74lJWSc
— Arsen Ostrovsky (@Ostrov_A) August 5, 2022
Израелската војска соопшти дека нападнала цели во Газа по неколкудневните тензии кои произлегоа од апсењето на палестинскиот милитантен водач Басам ал Сади.
Како функционира израелскиот противракетен одбранбен систем „Железна купола“ (Iron Dome)?
Системот се состои од радарски систем и контролен центар кој може да ги препознае ракетите по стартот и да ја пресмета нивната патека на летање и целта. Тоа се случува за неколку секунди. Така и мора да биде, затоа што, зависно од оддалеченоста од Појасот Газа, на Израелците им остануваат само 15 до 90 секунди време за да се сокријат на безбедно од ракетите кои се на пат.
Третиот елемент се системите за исфрлање ракети. Еден систем има три до четири единици за исфрлање ракети, а во секоја од нив може да се сместат по 20 ракети. Ракета за одбрана се стартува само тогаш, кога е јасно дека била исфрлена ракета која треба да заврши во населено подрачје. Со неа може да се маневрира додека е во воздух. Одбранбената ракета, меѓутоа, не го удира другото тело директно, туку експлодира во негова близина и на тој начин го уништува. Остатоците од ракетите кои паѓаат на земја може да предизвикаат штети.
Системите се мобилни и може да се преместуваат. Во моментов во Израел во употреба се десет системи. Според наводи на производителот, израелската компанија за оружје Rafael Defence Systems, една единствена батерија може да заштити еден град со средна големина. Системот може да уништува ракети со дострел до 70 километри. За да се заштити целата земја, според наводи на експертите, неопходни се 13 системи.
Израел употребува и други системи за своја одбрана. „Железна купола“ е насочен кон ракети со краток дострел.
Колку е успешен системот?
Производителот тврди дека системот е успешен 90%. Раководителот на израелската организација за противракетна одбрана, Моше Пател, за агенцијата АФП изјави дека „Железна купола“ во изминатите 10 години, до јануари оваа година, има пресретнато над 2400 ракети. Компанијата Рафаел, пак, зборува за над 2500 пресретнати ракети.
„Секоја ракета која е уништена би погодила населено подрачје, а со тоа потенцијално би предизвикала тешки штети и жртви“, се вели на веб-страницата на израелските одбранбени сили.
Според наводи на израелската армија, во текот на актуелната ескалација биле исфрлени над 1000 ракети во насока на Израел, од кои околу 200 паднале во Појасот Газа. Радикално исламистичката организација Хамас се чини се потпира на стратегија на исфрлање салви од ракети непосредно една по друга за да го стави на тест системот „Железна купола“, па дури и да го доведе до границите на неговите можности.
Колку чини системот?
Секое исфрлање ракети од батеријата, според медиумски извештаи, чини околу 66.000 евра. Тоа е причината зошто се пресретнуваат само ракети кои би требало да паднат врз населено подрачје.
САД дадоа финансиска поддршка за системот. Во меѓувреме Американците и самите купија од Израел два вакви система за одбрана.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.