Во последниве години, Ибица стана сè попопуларна дестинација за одмор, веројатно пред сè поради многуте јавни личности кои летуваат таму.

Така, мајка од Србија сакала да објави снимка од одморот на Ибица, па на ТВ екранот снимила една од тамошните плажи, но во тоа ја спречил нејзиниот син.

“Мајка ми вели дека таму е 44 степени. Овде, на прекрасна плажа на Ибица, 30 степени. Има дури и ветре, па затоа е кул. Имам и Сомерсби од Србија”, вели таа во видеото кое очигледно планирала да го испрати некому.

На основа на почетокот на видеото, никој не може да претпостави дека се работи за ТВ-снимка додека мајката го снима екранот во дневната соба.

Меѓутоа, во еден момент пред телевизорот застанал нејзиниот мал син Огњен, кој се чини дека тукушто проодел, па на мајката ѝ го расипа глумењето на одмор на Ибица од дневната соба.

За тоа сведочи нејзината спонтана и урнебесна реакција.

„Е је*и га Огњене“, рече таа.

Ова видео ги освои симпатиите на илјадници корисници на Твитер, кои беа воодушевени од трикот. Иако многумина велат дека тоа го направила намерно и претпоставуваат дека тоа не се случило случајно, факт е дека насмеа многумина.