Во езерото кај електраната во српската општина Костолац се удавило 12-годишно девојче од селото Дрмно.
Како што пишува ТПК Њуз, девојчето вчера попладне, околу 15 часот и 15 минути до езерото дошло со својот вујко, кој бил пијан.
Настраданото девојче била непливачка, па се наоѓала во плитко, но во еден момент го изгубила тлото под нозете и потонала.
– Инаку, дното на езерото е нерамномерно и во него има вирови, пишуваат српските медиуми.
Нуркачки тимови го пребаруваат езерото за да го пронајдат телото.
Be the first to write a comment.