Дописникот на Би-Би-Си од Тајван, Руперт Вингфилд-Хејс, наведува дека според достапните информации, кинеските носачи на авиони и придружните воени бродови се упатуваат кон Тајванскиот теснец.
Јасно е дека Пекинг нема да се задоволи само со зборови или насочени економски санкции по посетата на Ненси Пелоси на Тајван. Најавата за шест големи зони околу Тајван во кои Кина од утре ќе спроведува воени вежби со боева муниција има потенцијал да се претвори во сериозна криза, јавува дописникот на Би-Би-Си.
– Пекинг, потсетува тој, го направи истото во 1996 година кога ситуацијата се претвори во т.н. „Криза во тајванскиот теснец“. Но, во тоа време, зоните за воени вежби на Кина беа надвор од територијалните води на Тајван. Овој пат, три од шесте зони навлегуваат во територијалните води на Тајван. Ова е без преседан, наведува Вингфилд-Хејс.
Влогот е многу поголем отколку во 1996 година.
Ако Кина навистина влезе во тие области со своите воени бродови или авиони, тоа технички ќе претставува инвазија. Ова го прави влогот уште поголем бидејќи Тајван може да се чувствува принуден да ги брани своите територијални води, тврди Би-Би-Си.
The Eastern Theater Command of the Chinese People's Liberation #ARMY (PLA) on Wednesday organized actual #combat joint exercises and training around the #Taiwan island. pic.twitter.com/BelrrbXCG3
— China Focus (@China__Focus) August 3, 2022
Морнарицата на САД го следи сето ова многу внимателно. Поради ова, носачот на авиони УСС Роналд Реган со својата борбена група се наоѓа во блиското Филипинско Море. Американскиот претседател Бил Клинтон испрати две борбени групи на носачи на авиони во близина на Тајван во 1996 година за да и стави јасно до знаење на Кина дека Америка е подготвена да интервенира доколку Кина го нападне островот.
Но, воената ситуација сега е сосема поинаква од онаа во 1996 година. Кина има свои два носачи на авиони и двата, според Би-Би-Си, се на пат кон Тајванскиот теснец.
Be the first to write a comment.