Британката Ели Жан (19) не ни помислувала дека нејзиниот одмор од соништата во Португалија може да се претвори во пекол.
Кога се сончате, експертите предупредуваат дека посебно внимание треба да се посвети на усните. Кожата на тој дел од лицето е исклучително чувствителна, па затоа и треба посебна нега на плажа.
Британката Ели Жан (19) од Манчестер дознала за тоа на потешкиот начин додека била на одмор во Португалија. Имено, таа немала поим дека одморот ќе ѝ се претвори во ноќна мора и дека лузната ќе ја носи на усните до крајот на животот.
Знаејќи колку е опасно сонцето за кожата, Ели за време на престојот на плажа редовно го мачкала телото со крема со висок заштитен фактор за да спречи изгореници, додека пак усните ги намачкала со вазелин, кој вообичаено го користела за да го негува тој дел од лицето, не сфаќајќи колку неволји ќе ѝ донесе.
– Јас користам вазелин наместо сјај за усни и секогаш го имам со мене. Го ставив на усните на плажа и заспав додека се сончав. Кога се разбудив, сфатив дека имам плик на долната усна. Отпрво мислев дека е херпес, па ставив крема за тоа, но ништо не помогна, дури и ја влоши ситуацијата – изјавила Ели, пренесува британски Сан.
Следното утро, долната усна на Ела била цела со пликови.
– Меурчињата почнаа да пукаат секогаш кога ќе се обидев да јадам. Не можев да ги движам усните кои крвареа и беше многу болно. Се чувствував како да горам. Не можев да мрднам со устата, да зборувам, да јадам… се крвареше – вели Ели.
По враќањето дома ситуацијата не се смирила, па побарала помош од лекар.
– Откако пукнаа пликовите, останаа ужасни последици. Не смеев да излезам од дома без маска. Беше страшно – додаде таа.
По прегледот, докторот и рекол дека се здобила со тешки изгореници од сонце на долната усна и дека лузната најверојатно ќе и остане до крајот на животот.
Докторот ми кажа дека изгорениците на усните се честа појава кај жените на кои им биле ставени филери. За време на овој третман, кожата на усните се растегнува и станува потенка и почувствителна. Последен пат ставив филери во усните во ноември минатата година – признала Ели.
Работата да биде уште полоша, таа учи да биде медицинска сестра, но очигледно сè уште не научила колку сонцето може да биде опасно кога ќе дојде во контакт со маст како вазелин.
– Знам дека има балсами за усни со заштитен фактор, но мислев дека вазелинот е доволен. Немав поим дека такво нешто може да ми се случи – вели очајната млада Британка.
Долната усна ѝ зараснала со текот на времето, но голема и грда лузна се уште е видлива на местото каде што биле меурите. Не може да ги сокрие ниту со кармин.
Be the first to write a comment.