Актерот Бранко Цвејиќ вчера беше погребан на Новите гробишта во Белград.

Комеморацијата на познатиот уметник ќе се одржи во Југословенскиот драмски театар во септември. Датумот и времето на комеморацијата ќе бидат објавени подоцна.

Семејството, пријателите и бројните колеги го испратија Цвејиќ во вечното почивалиште. Сопругата Весна, синот Жарко и ќерката Бојана беа обединети во болката.

Наследничката на Бранко Цвејиќ на ковчегот на нејзиниот татко пред чинот на погребување го ставила неговиот шешир кој актерот најмногу сакал да го носи во текот на животот.

Вообичаено е со покојникот да се ставаат предмети што ги користел за време на животот, за, според верувањато, да ги користи во идниот свет.