Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата во Генералштабот им се обрати на граѓаните на Србија.
– Ја завршивме средбата во Генералштаб. Пред тоа, генералот Мојсиловиќ имаше разговор со командантот на КФОР, кој помина во фер атмосфера – рече Вучиќ.
– На полноќ очекуваме командантот на КФОР да разговара со Горан Ракиќ и со претставници на Србите. За нас е исклучително важно дијалогот да продолжи и да почнеме мирно да ги решаваме работите.
Вучиќ рече дека ги замолиле меѓународните претставници да направат се што е можно за да се спречи тоа.
– Голема благодарност до Србите од Косово и Метохија за воздржаноста и храброста. Најтешката политичка борба е пред нас. Ви благодариме што го зачувавте српското име и презиме на Косово и Метохија. Сакам да им се заблагодарам на оние кои ја поддржаа Србија – рече Вучиќ.
– Работиме се да се смири. Колку и да е тешко, нема да има предавање, Србија ќе победи – изјави Вучиќ.
Be the first to write a comment.