Владата на Косово попушти по средбата со американскиот амбасадор, одлуката се одложува за 1 септември.

Владата на Република Косово соопшти дека ја одложува одлуката за реципроцитет за регистарски таблички и лични карти до 1 септември, напиша на Твитер албанската новинарка Јехона Хулај.

Американскиот амбасадор во Приштина Џеф Ховениер побара од владата на Албин Курти да го одложи почетокот на спроведувањето на мерките за еден месец, поради, како што рече, „неразбирање на нивните импликации“.

Средбата беше со премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи.