Дваесет и четиригодишниот Марко Станојевиќ од Подгорица и три години повозрасната Милица Ѓурковиќ загинаа во сообраќајна несреќа на главниот пат Цетиње – Будва, во градот Обзовица.
Во сообраќајната несреќа тешко повредени се Александра Милатовиќ (32) од Даниловград и Анита Стегнаја (43) од Белград.
Милатовиќ и Стегнаја по укажаната помош во болницата во Цетиње биле упатени во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Нико Никочевиќ (59) е уапсен под сомнение дека ја предизвикал несреќата.
Во сообраќајката која се случила околу 9 часот и 30 минути учествувале четири возила, од кои едно излетало од патот.
По неколкучасовен прекин, сообраќајот беше пуштен.
Be the first to write a comment.