Реката народ која од кај Владата се движеше накај Министерството за надворешни работи на протестот „Ултиматум, не благодарам“ беше нападната од Албанци кај подвозникот на стоковната куќа Мост.
„Имаше само тројца полицајци кои не реагираа. Десетина Албанци фрлаа со камења кон демонстрантите“, велат протестантите.
Пеејќи македонски песни и веејќи македонски знамиња, илјадници македонски граѓани и денес излегоа на протест против францускиот предлог.
Додека мирно се движеа од Владата кон зградата на МНР, македонските граѓани кои протестираа беа нападнати од група луѓе кај плоштадот Скендербег.
Група составена од неколку лица почна да фрла со тврди предмети кон демонстрантите.
Голем инцидент се случи на вечерашниот протест против францускиот предлог, кога од толпата демонстранти, која маршираше од Владата кон МНР и Собранието, се судри со група граѓани од албанска националност од Старата скопска чаршија, по што почнаа да летаат камења, столчиња и секакви предмети.
Според ТВ 24, дошло и до физичка пресметка меѓу двете групи.
Be the first to write a comment.